Маричиќ: Направивме сѐ и покажавме искрена желба за решавање на отворените прашања

Министерот за правда – Бојан Маричиќ во интервју за словенечкиот весник „Дело“ вели дека важноста од проширување на Европската Унија треба да се одвива по претходно утврдени принципи, реални заслуги и испорачани резултати. Сепак, според него, ЕУ треба да даде временска рамка и план за проширувањето на земјите од Западен Балкан.

„Ние навистина направивме сѐ и покажавме искрена желба за решавање на отворените прашања, водејќи се од европските вредности. Затоа верувам дека проблемот со Бугарија може да се реши низ директен дијалог. Но, она што за нас е важно е тој дијалог да се темели на европски вредности и принципи, а не на основа “кој е посилен” или пак кој е член на Унијата, а кој не е” – рече Маричиќ.

Тој смета дека прашањето со Бугарија не е само билатерален спор.

„Ние сме подготвени за дијалог и веќе разговараме за отворените прашања, но, исто така сме  подготвени тие отворени прашања да ги третираме и во текот на преговорите со ЕУ. Но, во никој случај не сме спремни да се откажеме од македонскиот јазик и од нашиот идентитет“ категоричен е македонскиот министер за правда.