Од следната недела започнува производство во ТЕЦ Неготино

Пристигнува мазутот во ТЕЦ Неготино, наскоро стартува со работа термоцентралата и ќе има континуирано производство на електрична енергија. Потребниот мазут се доставува според пресметките на капацитетот за прием, информираат од АД Електрани на Северна Македонија.

Денеска увид во подготовките на термоцентралата извршија генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, генералниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ и членови на управните одбори на двете акционерски друштва.

„ТЕЦ Неготино сега се вклучува во услови на глобална енергетска криза и енормен раст на цената на електричната енергија, поради кои околности производната цена на оваа термоцентрала, која во нормални околности беше висока, сега е пониска од цената на берзите“ информираат од АД Електрани на Северна Македонија.