Министрите за надворешни работи на Бугарија и Македонија, Теодора Генчовска и Бујар Османи денеска во бугарското МНР го потпишаа билатералниот Протокол на Договорот за добрососедство и пријателство.
Документот ќе биде дел од преговарачката рамка на Македонија за членство во ЕУ и, како што јави БНТ, содржи мерки за наставните програми за историја, говор на омраза и култура.
Министерката Генчовска по потпишувањето истакна дека е забележан напредок во сите пет секторски групи, наведе БНТ.
Протоколот е потпишан без претходно да биде обелоденет во македонската јавност, иако државниот врв со денови уверуваше дека документот прво ќе биде објавен и дебатиран, па потоа и потпишан.