ЕСМ не доставиле понуда на тендерот на „ЕВН Хоум“
Од ЕСМ денеска соопштија дека не доставиле понуда до универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ затоа што одлуката од Владата во однос на препорачаната цена и количините на струја била за шест месеци, а тендерот на „ЕВН Хоум“ е за период од 12 месеци.
„Одлуката од Владата на Република Северна Македонија во однос на препорачаната цена и количини на електрична енергија со кои АД ЕСМ треба да се јави на тендерот на ЕВН Хоум за 2022г. се однесуваат на 6-месечен период, додека актуелниот тендер на ЕВН Хоум е распишан за 12-месечен период. Од тие причини, АД ЕСМ денеска не поднесе понуда“ – се вели во соопштението од ЕСМ.
Посочуваат дека ќе се јават на следниот тендер на универзалниот снабдувач кој треба да е во периодот јануари-јуни 2022 година.