Претседателот на Турција – Реџеп Тајип Ердоган изјави дека има намера да ги интензивира преговорите со Русија и Украина со надеж дека ќе се постигне договор за планот на ОН за извоз на украинско жито на светските пазари.
Ердоган ова го изјави на заедничката прес-конференција со италијанскиот премиер Марио Драги.
Турција соработува со Обединетите нации, Украина и Русија за да дозволи транспортирање на милиони тони украинско жито низ безбедни коридори во Црното Море.