Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 01.07 до 03.07.2022) биле направени 1.695 тестови, а регистрирани се 290 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 186, Охрид – 18, Битола – 14, Прилеп – 9…
Од вкупниот број на позитивни (290), регистрирани се 49 реинфекции.
Регистрирани сe 250 оздравени пациенти од: Скопје – 165, Битола – 16, Тетово – 12, Прилеп – 9…
Во текот на изминатите 3 дена (од 01.07 до 03.07.2022) не е пријавено ниту едно починато лице.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата починати се 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 935.