Европратеник од Бугарија – Илхан Ќулук на Твитер упати порака до македонските граѓани дека францускиот предлог е најдобриот што може да го добијат.
„Cите мои пријатели во Северна Македонија, би сакал да ги известам дека францускиот предлог е најдоброто што Бугарија/Северна Македонија може да го постигнат и би сакал да ве уверам дека во 21-ви век никому не може да му биде одземен идентитетот. Најдобар начин да се заштити и зачува е внатре во ЕУ каде што сите сме еднакви“ – Ќучук кој е известувач за Северна Македонија, а воедно е лидер на Европските либерали и претставник на бугарската партија ДПС.