Бензинот ќе поевтини за еден, а дизелот за половина денар

Марко Бислимоски – претседателот на Регулаторната комисија за енергетика денеска најави дека ќе има поевтинување на нафтените деривати.

„Денес дизелот се намалува за половина денар, а бензинот за еден денар. Тоа што е на берзите се преточува во одлуки“ – изјави Бислимоски.

За новиот тарифен модел за струјата, тој појасни дека има механизми за да се заштитат потрошувачите.

Зголемувањето за сметка од 3.000 денари, како што тврди Бисломоски, би било од 150 до 200 денари.