Бишев: Алта банка што побрзо да се продаде, во спротивно состојбите ќе стануваат покомплицирани

➡Прашан дали Централната банка треба да прибави став и од Српската национална банка, и што ако Србите не се согласат со евентуалното преземање, Бишев вели дека најдобро решение во вакви услови на одземено управување со банката е што побргу ако може и ако постои таква шанса, да се смени сопственикот. ➡Тоа треба да се направи што побрзо. Тука е најдобро Народната банка на Македонија како приоритет да си го постави тоа и дури да не чека 60 дена, а доколку постои законско ограничување, јас верувам дека тоа е интерес на целото општество и треба некоја регулатива да се смени, тоа да го направи парламентот. Значи гувернерот треба да оди со некоја мини брза програма, доколку е потребно таа програма да ја верификува и Собранието, меѓутоа тоа да се реализира не подоцна од наредните 10 дена. Доколку тоа се одолговлекува, тогаш состојбите ќе стануваат покомплицирани., смета Бишев. ➡Доколку тоа се одолговлекува, тоа е како вие да сте во прединфарктна состојба велите ќе чекам долго време за операција, додава Бишев. ➡Говорејќи околу анализата на Фискалниот совет каде се бара да се сочуваат парите од непотрошените капитални инвестиции и тие да не се насочуваат кон нови тековни расходи, Бишев вели дека „менувањето на структурата на буџетот и намалувањето на фискалниот дефицит и јавните расходи е процес и тука Фискалниот совет, уште јас кога бев претседател укажа дека тоа треба да се прави стратешки“. ➡Наш предлог беше и тоа до некаде е вградено во фискалната стратегија која се прави за секои 5 години, и постепено тоа да се прави во годишните буџети. За жал изостана тоа благо прилагодување. Зошто велам дека тоа треба да се прави среднорочно и постепено? Фискалните трансфери во буџетот на Македонија , значи трансфери за пензиско, за здравство, за плати, учествуваат 65 до 70% ви буџетот на државата. И вие не можете да кажете за една година или за шест месеци ние ќе ги намалиме или замрзнеме пензиите. Вие мора да продолжите тоа да го правите, но постепено да вршите усогласување, и да го зголемувате делот за инфраструктурни проекти, а исто така да го зголемите квалитетот на јавните расходи. Значи квалитетот значи за една единица потрошени буџетски пари, да имате ефект поголем од еден, вели Бишев.

„Банкарска паника е кога сите се плашат за своите депозити и постои трчање во банките да се подигнат депозитите и тоа кај сите банки. Значи овдека далеку сме од тоа и стабилноста на банкарскиот систем во целина е висока. И на база на веста дека крајниот сопственик на Алта банка во Битола е уапсен во Србија и му е одземена дозволата, штедачите се вознемирија и почнаа да си ги подигнуваат депозитите, а исто така она што е обврска на Народна банка – во секое време да следи дали сопствениците се соодветни да управуваат со банката и овој настан предизвика факт дека веќе крајниот сопственик не е погоден за управување и следеше она што сите го знаеме, вели Глигор Бишев, поранешен вицегувернер и претседател на Фискалниот совет.

Прашан дали може една мала банка да го стресе финансискиот пазар и да создаде немир кај граѓаните имајќи предвид дека ова не е прва ваква голема банкарска афера, Бишев вели дека основна цел на секоја банка е да управува со ризиците.

„Ние се соочуваме со еден, јас би рекол прифатлив ризик, а тоа е дека една мала банка се соочува со потешкотии и сега целиот банкарски систем во целина ефективно се справуваат со овој предизвик и верувам дека така ќе остане и во иднина“, смета Бишев.

Осврнувајќи се на тоа дали политиката стравува од сликите и изјавите на битолчани, доколку се потсетиме на случајот со ТАТ, Бишев спомнува два факта кои се разликуваат во однос на тој период кога се случи ТАТ.

„Прво во ТАТ сопственичката беше и директорка на штедилницата, и таа не само што беше сопственик, туку го вршеше и дневното работење. Овдека дневното работење на банката го вршат вработени лица коишто 20-30 години ја вршат таа работа и коишто граѓаните од Битола и од другите градови ги знаат. И вие кога носите депозит во банката покрај тоа што верувате во банката, вие верувате и во раководителот на банката, и во директорот на филијалата и во сето тоа. Значи и тие вработени и во минатото, јас верувам дека и сега професионално се однесувале, така што тоа е голема разлика во однос на ТАТ.

-Второ, ТАТ имаше привлечено, за тој период, голем износ на штедење, и тоа ново штедење, бидејќи во тој период знаеме дека старите штедни влогови беа замрзнати, и де факто новото штедење со коешто граѓаните можеа да располагаат беше мало и голем дел од тоа беше во ТАТ“, вели Бишев.

Прашан дали Централната банка треба да прибави став и од Српската национална банка, и што ако Србите не се согласат со евентуалното преземање, Бишев вели дека најдобро решение во вакви услови на одземено управување со банката е што побргу ако може и ако постои таква шанса, да се смени сопственикот.

„И тоа треба да се направи што побрзо. Тука е најдобро Народната банка на Македонија како приоритет да си го постави тоа и дури да не чека 60 дена, а доколку постои законско ограничување, јас верувам дека тоа е интерес на целото општество и треба некоја регулатива да се смени, тоа да го направи парламентот. Значи гувернерот треба да оди со некоја мини брза програма, доколку е потребно таа програма да ја верификува и Собранието, меѓутоа тоа да се реализира не подоцна од наредните 10 дена. Доколку тоа се одолговлекува, тогаш состојбите ќе стануваат покомплицирани.

– Кога продавате банка, вие продавате актива и пасива. И сега ако оваа нервоза продолжи и депонентите ги повлечат своите средства, вие немате што да продавате. Значи секаде во свет, еве да кажеме пред три-четири години, Кредит Свис беше во потешкотии и тогаш Централната банка на Швајцарија, заедно со регулаторните органи во рок од три-четири дена донесоа одлука. Тоа е предуслов доколку сакате да се реализира реструктуирање на некоја банка преку преземање. Доколку тоа се одолговлекува, тоа е како вие да сте во прединфарктна состојба велите ќе чекам долго време за операција, додава Бишев.

За тоа што доколку србите не се согласат за продажба на банката, Бишев вели дека сега се коментира за стратегија.

„Сигурно постојат правници, постои меѓународна пракса која што дозволува тоа да се реализира“, смета Бишев.

Говорејќи околу анализата на Фискалниот совет каде се бара да се сочуваат парите од непотрошените капитални инвестиции и тие да не се насочуваат кон нови тековни расходи, Бишев вели дека „менувањето на структурата на буџетот и намалувањето на фискалниот дефицит и јавните расходи е процес и тука Фискалниот совет, уште јас кога бев претседател укажа дека тоа треба да се прави стратешки“.

„Наш предлог беше и тоа до некаде е вградено во фискалната стратегија која се прави за секои 5 години, и постепено тоа да се прави во годишните буџети. За жал изостана тоа благо прилагодување. Зошто велам дека тоа треба да се прави среднорочно и постепено? Фискалните трансфери во буџетот на Македонија , значи трансфери за пензиско, за здравство, за плати, учествуваат 65 до 70% ви буџетот на државата. И вие не можете да кажете за една година или за шест месеци ние ќе ги намалиме или замрзнеме пензиите. Вие мора да продолжите тоа да го правите, но постепено да вршите усогласување, и да го зголемувате делот за инфраструктурни проекти, а исто така да го зголемите квалитетот на јавните расходи. Значи квалитетот значи за една единица потрошени буџетски пари, да имате ефект поголем од еден.

-За жал во некои наши расходи ние имаме ефект под еден. Тоа е долгорочен процес што мора да се отвори, мора да се прави и мора да се направи една динамика на намалување на буџетскиот дефицит. Значи од 4 на 3,7, 3,5, 3,2, 2,8, за да имате на среден рок меко спуштање, смета Бишев.

За тоа дека речиси петта година имаме висок буџетски дефицит, над 4%, тој вели дека потребни се структурните промени, не само во фискалната политика, но и во останатите сегменти.

„Како на пример, за да остварите поголем ефет од здравствените расходи, реформи треба да има не само во буџетот, туку и во здравството, во образованите. Значи кога велам структурни реформи, тоа не се мерки што треба да ги реализира само Министерството за финансии, туку и голем број на други министерства. Вие треба да го зголемите квалитетот на образованието за да новите вработени располагаат со нови вештини, знаења да ја зголемуваат продуктивноста, а од друга страна да ги контролирате трошоците во образованието“, смета Бишев.

За тоа дали треба да не загрижува јавниот долг на државата, Бишев вели дека ние треба да управуваме со ризиците, и во макроекономијата, и со фискалниот сектор, и ние доаѓаме до граница и како што кажа професор и академик Беџети каде нашиот маневарски простор е стеснет.

„Сега прашање е дали тоа ќе го правиме смислено, организирано, долгорочно, за да не применуваме шок терапии. Бидејќи ако вие не го направите тоа навреме, тогаш економските движења, сидрото на девизниот курс може да не повлече и одеднаш да каже – бараме структурни реформи“, вели Бишев.

Целото интервју погледнете го во видеото