(ВИДЕО) Разговори со Глигор Бишев, Весна Дамчевска и Дита Старова Ќерими

➡Случајот „Алта банка“ и ребалансот на буџетот во фокусот на новото издание на Трилинг. За актуелните економски прашања и случувањата поврзани со овие теми разговараме со Глигор Бишев, поранешен вицегувернер и претседател на Фискалниот совет, и Весна Дамчевска, новинарка на „Слободен печат“. ➡Во вториот дел од емисијата, проф. Дита Старова Ќерими говори за современата ликовна уметност, нејзиниот развој и за својата самостојна изложба, која ќе биде отворена во понеделник.

Случајот „Алта банка“ и ребалансот на буџетот во фокусот на новото издание на Трилинг. За актуелните економски прашања и случувањата поврзани со овие теми разговараме со Глигор Бишев, поранешен вицегувернер и претседател на Фискалниот совет, и Весна Дамчевска, новинарка на „Слободен печат“.

Во вториот дел од емисијата, проф. Дита Старова Ќерими говори за современата ликовна уметност, нејзиниот развој и за својата самостојна изложба, која ќе биде отворена во понеделник.

„Што побрзо ако може, и ако постои таква шанса, да се смени сопственикот. Ако оваа нервоза продолжи и депонетите ги повлечат своите средствам вие нема што да продавате“, вели поранешниот вицегувернер и екс претседател на Фискалниот совет Глигор Бишев.

„Ако не го направите тоа навреме, тогаш економските движења, тогаш сидрото на економскиот курс може да не повлече што ќе треба да го одбраниме девизниот курс на денарот“, смета Бишев.

„Некој да препраша и да види и да преиспита дали станува збор за потфрлање или за замижување. А и едното и другото носи одговорност“, вели новинарката Весна Дамчевска.

„Можам да кажам ремек делата коишто ги знаеме, има доволна грижа, но не доволна промоција“, изјави Дита Старова Ќерими ликовен уметник и поранешна директорка на Националната галерија.

Гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.