Хуманитарно поетско читање „Стихот како поддршка, стихот како сведок“

Од организацијата посочија дека на настанот посветен на поезијата, солидарноста и потребата да се подаде рака таму каде што е најпотребно преку културата и уметноста, ќе настапат девет скопски поетеси и поети: Филипа Сара Попова, Ана Тодоровска, Ангела Бошкоска, Софија Тодороска, Ивана Јовановска, Марија Велинова, Андреј Медиќ Лазаревски, Викторија Ангеловска и Јулијана Величковска.

„Стихот како поддршка, стихот како сведок“ – хуманитарно поетско читање ќе се реализира вечер во Културно-информативниот центар во Скопје.

Од организацијата посочија дека на настанот посветен на поезијата, солидарноста и потребата да се подаде рака таму каде што е најпотребно преку културата и уметноста, ќе настапат девет скопски поетеси и поети: Филипа Сара Попова, Ана Тодоровска, Ангела Бошкоска, Софија Тодороска, Ивана Јовановска, Марија Велинова, Андреј Медиќ Лазаревски, Викторија Ангеловска и Јулијана Величковска.

– Преку своите стихови, тие ќе ја споделат поезијата со публиката, но и ќе дадат свој придонес кон една конкретна хуманитарна иницијатива – помош за социјално загрозени семејства од Скопје. Посетителите ќе имаат можност да разгледаат и да купат книги од авторите што ќе настапат, на штандовите на ПНВ Публикации и Култура Бета. Средствата од продажбата на книгите ќе бидат дополнителен придонес во хуманитарната акција. Настанот е потсетување дека поезијата и книжевното творештво не секогаш треба да остане само во книгите. Туку, таа може да биде автентичен глас на времето во кое живееме и начин да се препознаеме едни со други, како и поттик за солидарност, хуманост и поддршка – се додава во соопштението.