Бизнисменот Азманов бил нападнат во Граѓанскиот суд
Бизнисменот Зоран Азманов утрово бил физички нападнат во Основниот граѓански суд во Скопје. Нападот го пријавил во полиција, а од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека е пријавен напад во Граѓанскиот суд, без да го откријат идентитетот на нападнатиот и напаѓачот.

-На 06.11.2026 во 09:47 часот во СВР Скопје пријавено е дека во Основен граѓански суд З.А.(67) бил физички нападнат од Ѓ.С.(61). Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа од МВР за ,,Фокус”.
Инаку Азманов е претседател на Надзорниот одбор и директор на градежната компанија „Настел“ ДООЕЛ Скопје.