За Рокас Македонија е сигурен партнер на ЕУ, за Мицкоски владината позиција во однос на уставните измени останува непроменета

„Европската Унија останува стратешка определба на Северна Македонија, но процесот на проширување мора да се темели на исполнување на критериумите и постигнатите резултати, а не на билатерални спорови“ – порача премиерот Христијан Мицкоски на денешната заедничка прес-конференција со амбасадорот на ЕУ – Михалис Рокас, по повод Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата.

Премиерот Мицкоски истакна дека членството во Унијата за државата значи конкретни придобивки, но тој повтори дека владината позиција во однос на уставните измени останува непроменета и дека Македонија очекува европскиот пат да биде заснован на принципи и исполнување на реформите.

Амбасадорот Рокас вели „Македонија покажува дека е сигурен партнер на Европската Унија, кој ги споделува нејзините стратешки приоритети“.

Тој посочи дека земјата постигна значително усогласување со законодавството на Унијата и останува меѓу кандидатките со највисоко ниво на подготвеност за членство.