Дизелот поевтинува, бензините остануваат со иста цена

Промена на цената на горивата од полноќ, но само кај дизелот, додека цената на бензините останува непроменета.

Дизелот од од полноќ ќе се продава за 2,5 денари поевтино, и ќе изнесува 104 денари по литар.

Цената на бензините нема да се менува, односно 109 денари за ЕУРОСУПЕР 95 и 111,5 денари за ЕУРОСУПЕР 98.

Поевтина ќе е и цената на екстра лесното масло за 2 денари и таа ќе изнесува 103 денари.

Цената на мазутот останува иста – 53,3 денари.