Фон дер Лајен: Скопје и Софија се блиску до договор!

Урсула фон дер Лајен – претседателката на Европската комисија на Твитер објави дека имала телефонски разговор со македонскиот премиер Димитар Ковачевски и дека ги поздравува информациите дека Македонија и Бугарија се блиску до договор.

„Имав добар телефонски разговори со премиерот Ковачевски. Ги поздравувам вестите дека Северна Македонија и Бугарија се блиску до договор кој ги зема предвид интересите и грижите“ – напиша таа на Твитер.

Фон дер Лајен додава дека Европската комисија е подготвена да го почне скринингот за Македонија и Албанија, на нивниот европски пат.