
Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
Судењето за „Онкологија 2“, кое се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал денеска во Основниот кривичен суд Скопје почна од почеток, поради измена на составот на Судечкиот совет.
Судењето за „Онкологија 2“, кое се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал денеска во Основниот кривичен суд Скопје почна од почеток, поради измена на составот на Судечкиот совет.
Случајот повторно го води судијката Славица Наумова-Јосифовска, но почнува од почеток поради промена на судија-член на Судечкиот совет.
Судењето за „Онкологија 2″ почна од почеток и во ноември 2025 година поради промена на еден од поротниците во Судечкиот совет. Тогаш странките се согласија веќе изведените материјални докази и сослушани сведоци само да се прочитаат и да не се изведуваат повторно.
Застапник на обвинението е Марија Ѓоргева од ОЈО ГОКК, која на почетокот на денешното рочиште изјави дека останува на веќе изнесените воведни зборови пред Судот.
Обвинетите Васев и Нухи на почетокот повторно негираа вина за делата кои им се ставаат на товар.
– Не. Не се чувствувам виновен за делата што ми се ставаат на товар – изјави првообвинетиот Васев пред Судот.
Второобвинетиот Нухи, пред Судот рече дека не се чувствува виновен и дека не му е јасно обвинението што му се става на товар.
– Не во јазична форма. Не ми е јасен обвинителниот акт и не знам зошто сум обвинет, бидејќи овој обвинителен акт нема врска со моето работење на Клиниката – изјави Нухи.
Одбраната на Нино Васев, во воведен говор нагласи дека обвинението не се базира на реални докази и се води од претпоставки и вештачки конструкции и дека единствена алтернатива е ослободителна пресуда и ослободување на Васев поради недостиг на докази.
-Одбраната ќе докаже дека основано сомнение за делото што му се става на товар на Васев не може да постои поради системски пречки и тоа се легитимни административни дејствија и делата што му се ставаат на товар не можел да го стори. Нема докази на директна умисла или стекната имотно правна корист – изјави адвокатот Боби Спирковски.
Обвинителството, според Спирковски, сака да покаже дека Васев како директор на Клиниката несовено работел, а кога обвинетиот менаџирал во услови на недоволно финансирање и системско административна нефункционалност на Клиниката поради недостиг на лекови.
Судот на почетокот на денешното рочиште информираше дека на минатото рочиште им била доставена листа на дополнителни докази од Обвинителството, како финансово-материјална документација и барање од Клиниката за радиотерапија и радиологија, Министерството за здравство и Фонд за здравство, како и повеќе добавувачи.
Бранителката на второобвинетиот, адвокат Анета Бегова, реагираше во однос на новопредложените докази од Обвинителството, нагласувајќи дека се знае дека Обвинителството докази поднесува со поднесување на обвинителен акт.
– Не знам зошто сега не чини, ако се знае дека овие луѓе беа во притвор 13 месеци врз основа на тој доказен материјал. Зошто сега овој доказен материјал не чини и се поднесува нов. За мене 13 месеци притвор не е мерка, туку казна – изјави Бегова.
Обвинението против поранешните директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, за злоупотреби, измама и проневера во службата од 2018 до 2022 година, Кривичниот суд го одобри во јуни 2025 година. Според обвинението, тие незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра.
Покрај ова, против Васев и уште двајца лекари онколози се води уште еден случај Онкологија 1 за несовесно лекување пациенти.