Државната матура е поуспешна од лани – просечната оценка е 3,78

Според прелиминарните резултати од полагањето на државната матура што ги презентираше Државниот испитен центар има пораст на просечната оценка во споредба со минатата година. Годинава просечната оценка е 3,78, додека минатата година таа изнесувала 3,61.

Според податоците, мајчин јазик полагале околу 15.000 ученици, а средната оценка е 4,00.

За англиски јазик, како втор екстерен предмет, беа пријавени околу 14.000 ученици. Средната оценка е 3,48. За споредба, минатата година по англиски јазик средната оценка била 3,28.

Математика годинава полагале 1.221 ученик, средната оценка е 4,18, додека лани таа изнесувала 4,07.