
Улиците на Нови Сад денеска беа преполни со граѓани кои излегоа да им оддадат почит на 16-те жртви од трагедијата на железничката станица, кога пред две години се урна настрешницата и однесе 16 човечки животи.
Граѓаните во три колони тргнаa од различни локации – Вардинскиот мост, Медицинскиот факултет и Лиманскиот парк. Колоните се споиja, по што заедно продолжиле кон железничката станица.
На местото на трагедијата, пред оградата која го спречува пристапот до станицата, присутните оставиja цвеќе, плишани играчки и запалиja свеќи. Поставени се и големи срца со имињата на загинатите.
По повод годишнината, српскиот патријарх Порфирије служеше литургија и помен за загинатите во храмот „Свети Сава“ на Врачар во Белград.
Трагедијата се случи на 1 ноември 2024 година, во 11:52 часот, кога се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад. На самото место загинаа 14 лица, додека тројца беа тешко повредени. Две од повредените лица подоцна им подлегнаа на повредите, со што бројот на жртви се искачи на 16.
Комеморативниот собир започна со 16 минути молк во чест на настраданите. По молкот, предвидена е изведба на песната „Цвета трешња“, обраќања и настап на виолина, а потоа ќе бидат положени 16 бели венци.