Бугарскиот премиер во оставка – Кирил Петков го предложи Асен Василев за нов премиер на Бугарија и кажа дека има доверба во него.
„Нема да дозволиме Бугарија да тргне во погрешна насока. Сметам дека Асен нема да дозволи такво нешто“ – рече Петков.
Мандатот денеска ќе го додели бугарскиот претседател Румен Радев.
„Имам апсолутна доверба во него“ – рече Петков за Василев во видео обраќање.
„Бугарија е на историски крстопат. Мораме да одиме напред. Најважните реформи за државата мора да се спроведат за 6 месеци. Да се обединиме во име на европската иднина на Бугарија, Рамо до рамо со Асен Василев ја започнавме промената. Ви ветувам дека рамо до рамо ќе ја завршиме“ – рече Петков.