Шилегов: Компарирање на Македонија и Србија е класична политичка неписменост

Членот на СДСМ кој изразува незадоволство од сегашното раководство на партијата, Петре Шилегов не гледа никакво влијание од изборите во Србија врз Македонија. Според него, компарирањето на Македонија и Србија претставува, како што вели, класична политичка неписменост. Повторно го обвини лидерството на СДСМ.

Членот на СДСМ кој изразува незадоволство од сегашното раководство на партијата, Петре Шилегов не гледа никакво влијание од изборите во Србија врз Македонија. Според него, компарирањето на Македонија и Србија претставува, како што вели, класична политичка неписменост. Повторно го обвини лидерството на СДСМ.

-Македонија е дел од западноатланските безбедносни асоцијации (НАТО) и своите политики и геополитики ги креира и адаптира согласно политиките на тие асоцијации. Србија од своја страна, со апсолутистит Вучиќ (предходно и Орбан во Унгарија), преtставува опасност за стабилнотоста на овој дел на Европа, особено ако се има во предвид силното руско влијание во српската (унгарската) политика и општество. Од тука, влечењето било каква аналогија, не е ништо друго, освен „пуста желба“ на неспособната номинклатура на СДСМ да ги придвижи напред работите во редефинирањето на политичката позиција на СДСМ во македонската политика. За жал, во тоа „независно и ново“ раководство, по мое мислење свесно не сакаат да разберат дека либералниот дел од македонското општество, ги доживува како продолжена рака на структурата која свесно ги уништи и идеалите и луѓето кои несебично се внесовме во обидот да ги направиме промените после апсолутизмот во Македонија. Со тие идеали и луѓе, оваа структура немилосрдно расчисти, најпрво на изборите 2020 и потоа на изборите во 2021 година. Од тогаш навака, СДСМ, за жал е структура позади која што се кријат луѓе чија што амбиција не е ништо друго, освен да ги заштитат своите лични (пред сеʼ материјали) интереси. Заедно со сеʼ добар дел од пратеничката група, која што активно учествуваше во создавањето на вакво СДСМ, а сега дел од нив глумат “паднати од небо” и фактори на стабилност, објави Шилегов на социјалните мрежи.

Според него, дали е еден човек апсолутист или не, не зависи од тоа дали потекнува од десна или лева политичка провениенција, туку, како што вели, зависи од личните карактеристика на еден човек.

-Орбан на пример, доаѓа на власт како левичар. Додик исто така …. Ако СДСМ ја сведете во светот на Вучиќ, тогаш, секој што изминатиов период крена глас за состојбите во партијата, беше означен како платеник, купен, уценет од некоја друга страна (или шо би рекол Вучиќ блокадери, усташе, страни плаченици). Тоа доволно говори за личните карактеристики на водачот, потенцира екс-градоначалникот на Скопје.