Србија финансира здруженија од дијаспората што го поддржуваат Вучиќ

Според резултатите од ова истражување, од 2023 година, Управата за дијаспора на Србија исплатила најмалку 250.000 евра на организации на српската дијаспора во Македонија, Босна и Херцеговина и Србија, за кои БИРН утврди дека јавно ја промовираат СНС, ги повторуваат руските наративи, величаат воени злосторници или застапуваат десничарска реторика против таканаречената „родова идеологија.“

На 23 мај годинава, додека српските студенти одржуваа масовен антивладин протест во Белград, 400 километри појужно, во Куманово, се одржуваше поскромен собир.

Додека студентите во Белград го изразуваа своето незадоволство од 14-годишното владеење на Српската напредна партија (СНС) и нејзиниот основач, српскиот претседател Александар Вучиќ, неколку стотици етнички Срби се собраа во Куманово, носејќи маици со слоганот на СНС „Србија победува.“

Собирот го организираше локалното граѓанско здружение наречено „Мир, слога, стабилност“, име што неверојатно потсетува на изборниот слоган на СНС од 2022 година – „Мир, стабилност, Вучиќ.“

„Овој собир се одржува со единствена цел да се покаже поддршка за претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, за да може да истрае на својот пат кон мирот, слогата и стабилноста“, изјави претседателката на здружението, Маја Денковска, за српскиот медиум „Њузмакс Балкан.“

Денковска не беше прашана за финансирањето на настанот, но 38 дена претходно, според „Нова економија“, нејзиното здружение добило 3.400 евра од Управата за дијаспора при српското Министерство за надворешни работи, за проекти поврзани со православието. Неколку недели подоцна, Управата им доделила уште 2.500 евра, за иницијатива за зачувување на кириличното писмо.

Според резултатите од ова истражување, од 2023 година, Управата за дијаспора на Србија исплатила најмалку 250.000 евра на организации на српската дијаспора во Македонија, Босна и Херцеговина и Србија, за кои БИРН утврди дека јавно ја промовираат СНС, ги повторуваат руските наративи, величаат воени злосторници или застапуваат десничарска реторика против таканаречената „родова идеологија.“

Наодите се чини дека ги потврдуваат предупредувањата на српското граѓанско општество за злоупотреба на државните средства за финансирање организации блиски до СНС, од кои некои немаат простории, вработени, ниту видливи активности.

И Министерството за надворешни работи и Управата не одговорија на барањата на БИРН за коментар.

Денковска одби да зборува, наведувајќи здравствени проблеми. Но, во текот на минатата година, таа повеќепати разговарала со провладиниот српски таблоид Информер, изразувајќи зачуденост како некој во Србија може да тврди оти е незадоволен од својата положба под власта на Вучиќ и СНС.

…

Повеќе