
Бугарија нема да ја екстрадира 23-годишната Ива Михаилова од Кочани, по која Македонија распиша меѓународна потерница, изјави бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев.
Во интервјуто, Демерџиев наместо македонските власти, рече дека Бугарија нема да ја предаде Михаилова на „српските власти“.
На прашањето на новинарот дали станува збор за случајна грешка или намерно споменување на Србија, Демерџиев одговорил дека погрешил, но дека тоа не било „толку голема грешка“.
Инаку, Михаилова е обвинета за учество во сообраќајна несреќа во која животот го загуби 33-годишниот Бесим Дурмиши.