МЕФ: Регинална соработка за надминување на енергетската криза

Регионална соработка е единствен начин за надминуавње на енергетската, но и другите кризи. Тоа беше заклучокот на дел од учесниците на Македонскиот енергетски форум (МЕФ) 2022 што денеска и утре се одржува во Охрид, во организација на ЗИП Институтот и Владата на Република Северна Македонија.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи истакна дека еден од главните приоритети на Владата во периодот што претстои ќе биде да се завршат сите започнати процеси што ќе значат социјално праведна енергетска транзиција, која ќе ни донесе енергетска безбедност и диверзификација на енергетскиот систем.

– Цела Европа, па и пошироко се наоѓа во енергетска криза предизвикана од различни надворешни фактори. Се наоѓаме пред креирање среднорочна и долгорочна стратегија за енергетска независност и гасификација на нашиот енергетски систем. Овој момент треба да ни послужи да не креираме уште една зависност, туку да креираме меѓузависност на сите земји од регионот преку регионалната соработка не само во сегментот на енергетика, туку и во другите области битни за земјата, рече Битиќи.