
Изместени се приоритетите во здравството – наместо да се решаваат проблемите, акцентот е ставен на јавните набавки.
Тоа го тврди претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој денеска рече дека еден советник на премиерот шетал по клиниките и на директорите им кажувал каква опрема и според какви спецификации да набавуваат. Според него, коруптивните практики се присутни на секое ниво.
„Има еден советник на премиерот кој што шета по клиниките и им кажува на директорите која спецификација и која опрема да ја купат. Ете, тоа се случува. На тоа се фокусирани. Кражба на секое ниво. И да знае и тој советник дека ќе одговара“, рече Филипче.“, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ порача дека додека власта се занимава со тоа кој и каква опрема ќе набавува, додека граѓаните остануваат со нерешени проблеми во здравствениот систем.
„Тоа е матрицата, да се стави контрола врз сѐ, ништо добро за граѓаните. Немаат луѓето лекови, немаат добри услови за лекување, огромни листи на чекање, малформации во здравствениот систем, корупција од највисоките нивоа на власта“, рече Филипче.