Вучиќ со Фон дер Лајен: Верувам дека Србија ќе го забрза својот пат кон ЕУ
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска разговараше со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на заседанието на Генералното собрание на ОН, и изрази уверување дека Србија ќе го забрза својот пат кон членство во ЕУ.

„Во краток разговор со Урсула фон дер Лајен, имав можност да изразам искрена благодарност за сè што таа направи за Србија во изминатите години. Верувам дека, без оглед на исходот од изборите, Србија ќе го забрза својот пат кон полноправно членство во Европската Унија“, напиша Вучиќ на својот профил на Инстаграм.
Вучиќ претходно се сретна со претседателот на Финска, Александар Стуб, претседателот на Романија, Никушор Дан, претседателот на Словенија, Јанез Јанша, сојузниот канцелар на Австрија, Кристијан Стокер, претседателот на Чешка, Петр Павел, и претседателот на Полска, Карол Навроцки.
„Настани како овој се секогаш добра можност, покрај официјалните средби, да се разменат мислења за случувањата во светот, но и за тоа како нашите земји можат да напредуваат и уште подобро да соработуваат. Добри разговори со пријатели и партнери, со многу теми што нè поврзуваат и за кои ќе продолжиме да разговараме“, напиша Вучиќ.