Владата позајмила 7 милиони евра од М-НАВ

Со одлука што ја изгласала на седница на 14 јули, Владата зема заем од 7 милиони евра од Македонска навигација (М-НАВ), објави порталот „Сдк“.

Со одлука што ја изгласала на седница на 14 јули, Владата зема заем од 7 милиони евра од Македонска навигација (М-НАВ), објави порталот „Сдк“.

Тројцата директори Владимир Ристески (претседател нa УО на М-НАВ), Милан Кораќ и Фатмир Зимбери, минатиот петок на 17јули ја потпишале одлуката за одобрување на краткорочна позајмица. Таа треба да се врати до 30.11.2026 година. Средствата се позајмуваат без камата.

Со оглед на тоа дека М-НАВ не позајмува пари, бидејќи нејзините средства се строго наменски и мора да се трошат само за потребите на претпријатието, но и поради тоа дека за секој инвестиција „Сдк“ пишува дека мора да биде известен Еуроконтрол. Не е јасно и дали банката ЕБОР е известена за позајмувањето пари, бидејќи од таму М-НАВ има земено кредит за опремување и модернизација.

Ден откако ја донела Владата одлуката, Јавното претпријатие за државни патишта испратило барање до М-НАВ за одобрување краткорочна позајмица, зашто пари му требалe всушност на ЈПДП.