
Поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини после 100 дена, излезе од притвор, откако депонирал банкарска гаранција во вредност од 1 милион евра.
Сејдини се сомничи за проневера на повеќе од 700.000 евра поврзани со изградбата на трибината на стадионот во Охрид, и за милионски злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија.
Сејдини беше претседател на ФФМ од 2019 до 2025 година, а на негово место дојде Масар Омерагиќ.