
Во ТВ магазинот Трилинг разговори со режисерите Дејан Пројковски, Дина Дума, Тамара Котевска, актерките Нина Елзесер, Сара Климовска.
„Сестри“ се снимаше во 2019-та година, го монтиравме во сред пандемија, а излезе во 2021-та, така што поминавме долг процес. Во тој момент јас го развивав мојот прв дебитантски долгометражен филм, со тоа што темата е малку поразлична од оваа којашто се обработува во новиот филм. Се говори за две другарки коишто извршуваат сајбер булинг врз друга девојка од училиштата. Така што се актуелизра темата „булинг“ кој и ден денеска, за жал, е многу присутна.
-Булингот отсегоаш бил присутен. Всушност овој филм е инспириран од вистински настани кои сум ги доживеала јас и сум била сведок на нив кога сум била на таа возраст, во средно училиште. Но гледам дека се почесто таа тема е актуелно кај нас, а тоа е поради зголемената анксиозност. Мислам дека нашата младина е преокупирана со социјалните мрежи. Буквално целата анксиозност е поврзана со тоа – каква слика ќе оставиш зад себе, што другите мислат за тебе, и целиот тој притисок што средината го создава, особено за младите девојки, мислам дека е огромен, и мислам дека недоволно се зборува на оваа тема, вели за „Трилинг“ режисерката Дина Дума.

Осврнувајќи се на домашната кинематографија, Дума вели дека во последните десетина години се забележува една промена каде што произлегуваат млади автори.
„Се поддржуваат млади автори кои имаат шанса да направат дебитантски филм, и сме сведоци дека постигнуваме многу успеси со дебитантските, но и генерално филмовите што се прават. Она што за мене е возбудливо, како млада авторка, е тоа што во последно време се поддржуваат многу женски авторки, кои не само што добиваат шанса да направат дебитантски филм, гледаме дека одат на големи фестивали, се носат рамо до рамо со светската кинематографија, и тоа мислам дека е една свежа промена“, смета Дума.
Околу филмот „Сестри“ каде се чувствува судир помеѓу традицијата и потребата од промена, Дума смета дека тој судир е повеќе болен.
„Би рекла дека тој е повеќе болен, бидејќи тој сѐ уште не произлегува со нешто што е суштинско и податно за промени. Мислам дека како општество уште не сме спремни да произлезе нешто од целото тоа“, вели Дума.
Одговарајќи на прашањето дека ако велиме „децата се огледало на возрасните, на родителите“, и дали тоа значи дека се наоѓаме во фаза на распад на воспитаните, етичките и општествени норми, Дума децидна: Да.
„За жал тоа може да го заклучиме. Таа слика не е само во Македонија. Мислам дека на глобално ниво се соочуваме со една девастирачка состојба на општеството“.
Таа смета дека општествената хипокризија која ни се случува произлегува од долгото разочарување и неможноста да се променат работите и тоа води кон една комплетна апатија.
„Апатичноста не е само кај младите. Многу повеќе ја гледаме и кај постарите. Мислам дека тоа произлегува од една состојба каде што имавме пандемија, војни, геноцид, од секојдневни весто кои не ни носат никаква надеж на нас.
-Општествено сме истрошени од состојбата дека ништо не се помирува, ништо не се менува. И заради тоа, посебно во Македонија, сме длабоко во таа апатија“, вели Дума.
Осврнувајќи се на тоа, дека таа е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ за најновиот филм „Skateborading is not for girls“, Дума вели дека биле изненадени што воопшто биле селектирани за таков тип на фестивал.
„Таму кога бев имав едно прекрасно чувство, бидејќи дојде публика од Њујорк да го погледне филмот и добив многу позитивен фидбек. За мене секогаш е многу важно како публиката го прима филмот. Тоа за мене е најголемата награда, но кога ја добивме наградата секако дека бевме во шок, бевме пресреќни и задоволни и за нас беше тоа доказ дека филмот е сепак вреден“, вели Дума и додава дека откако го завршила „Сестри“ имала чувство дека не е спремна да го напушти светот на адолесценцијата.
„Чувствував потреба дека имам уште што да кажам. Вакви филмови многу ретко се прават, особено на нашата територија. Многу ретко се прават филмови коишто зборуваат за проблемите на адолесцентите, меѓутоа и јас кога сум била адолесцент сакав што повеќе теми, филмови коишто би можела да ги погледнам од нашето поднебје, бидејќи сме оставени на некои серии и филмови кои доаѓаат од Америка, Европа, но ретко од кај нас“, вели Дума.
Интервјуата си Пројковски, Дина Дума, Тамара Котевска, актерките Нина Елзесер, Сара Климовска погледнете ги во видеото