Бројот на жртви од разорните земјотреси во Венецуела се искачи на 4.333
Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што ја погодија Венецуела на 24 јуни се искачи на 4.333 лица, соопшти претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез. Тој изјави дека идентификацијата на 315 жртви сè уште не е завршена, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по евентуални преживеани.

Според официјалните податоци, бројот на повредени останува 16.740, а од урнатините досега се спасени 6.462 лица. Околу 17.000 жители останале без своите домови.
Родригез најави дека вршителката на должност претседател Делси Родригез следната недела ќе им ги додели првите 200 новоизградени куќи на семејствата кои останале без покрив над главата. Тој не соопшти дополнителни детали за програмата за сместување, но истакна дека властите веќе работат на обезбедување трајно решение за погодените семејства.
Според последните информации, оштетени се 856 објекти, од кои 190 се целосно урнати или претрпеле сериозни конструктивни оштетувања. Прелиминарните проценки на венецуелската влада покажуваат дека ќе биде потребна изградба на околу 25.000 нови станбени единици.
Хорхе Родригез порача дека спасувачките тимови нема да се откажат од потрагата.
„Сѐ додека има живот, има и надеж. Сè уште имаме едно или две места каде ситуацијата е неизвесна и нашите екипи продолжуваат да трагаат по можни преживеани“, изјави тој.
Катастрофалните земјотреси што ја погодија Венецуела на 24 јуни предизвикаа огромни човечки и материјални загуби и претставуваат една од најтешките природни катастрофи што ја погодиле земјата во последните години.