Мицкоски: Клековски нов министер за здравство, Велковски од заменик станува министер, Перински оди во ФЗОМ!

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва на прес-конференција ги соопшти кадровските промени во Владата, во рамки на реконструкцијата на владиниот состав. Промените опфаќаат повеќе министерства и институции, а дел од ресорите добиваат нови раководители.

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва на прес-конференција ги соопшти кадровските промени во Владата, во рамки на реконструкцијата на владиниот состав. Промените опфаќаат повеќе министерства и институции, а дел од ресорите добиваат нови раководители.

Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за министер за социјална политика, демографија и млади е предложен досегашниот заменик министер во истото Министерство, Ѓоко Велковски, додека Сашо Клековски ќе раководи со Министерството за здравство, објави 4news.mk

Досегашниот министер за локална самоуправа Златко Перински е предложен за директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), а ресорот локална самоуправа ќе го преземе Иван Стоилковиќ.

Министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на стратегијата за инклузија на Ромите ќе биде Ерџан Демир. Нема да има вицепремиер за добро владеење и тој ресор ќе биде под ингеренции на Кабинетот на премиерот.

Коалицискиот партнер „Вреди“ ќе раководи со Министерството за правда, Министерството за култура и туризам, како и со Министерството за односи меѓу заедниците.

Партијата ЗНАМ, пак, ќе го преземе Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Премиерот Мицкоски истакна дека промените имаат за цел да го зајакнат капацитетот на Владата и да обезбедат поефикасна реализација на владината програма во наредниот период. Очекувањата се дека новите кадровски решенија ќе бидат доставени до Собранието, каде ќе треба да добијат поддршка од пратениците.