
За пет месеци над 120.000 прекршоци регистрирани преку „Безбеден град“
„Од 1 февруари, кога стартуваше примената на ‘Безбеден град‘, регистрирано е намалување на сообраќајните несреќи за околу 40 проценти, односно загинале 34 лица, наспроти 55 за истиот период лани. До 22 јуни 2026, преку камерите се регистрирани 120.000 прекршоци, од кои 95 проценти се за пречекорување на дозволената брзина“, рече Тошковски.
Камерите од проектот „Безбеден град“ за пет месеци регистрирале 120.000 сообраќајни прекршоци, рече денеска Панче Тошковски на отчетот за неговото двегодишно раководење со Министерството за внатрешни работи.
„Од 1 февруари, кога стартуваше примената на ‘Безбеден град‘, регистрирано е намалување на сообраќајните несреќи за околу 40 проценти, односно загинале 34 лица, наспроти 55 за истиот период лани. До 22 јуни 2026, преку камерите се регистрирани 120.000 прекршоци, од кои 95 проценти се за пречекорување на дозволената брзина“, рече Тошковски.
Камери од овој проект има во Скопје, Куманово и Тетово, како и на коридорите 8 и 10.
Тошковски најави дека до крајот на годинава проектот ќе биде целосно имплементиран низ целата држава, опфаќајќи ги поголемите градови и патни правци.