
Познати се девет двојки од нокаут фазата на Светското првенство 2026
Аргентина во нокаут фазата на Мундијалот 2026 ќе се сретне со селекцијата на Зеленортските Острови, едно од најпријатните изненадувања и вистинска сензација на овој турнир.
Аргентина во нокаут фазата на Мундијалот 2026 ќе се сретне со селекцијата на Зеленортските Острови, едно од најпријатните изненадувања и вистинска сензација на овој турнир.

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина, по натпреварот против Канада во групната фаза, сега ќе ги одмери силите со уште еден од домаќините, селекцијата на САД, во 16-финалето.
Дуелот помеѓу Холандија и Мароко се очекува особено да биде привлечен.
Во меѓувреме, Бразил ќе се соочи со Јапонија, а Норвешка ќе игра против Брегот на Слоновата Коска.
Главните фаворити за освојување на пехарот, Французите се спремаат за дуел со Шведска, додека Германија ќе води битка со Парагвај, а Канада ќе се сретне со Јужна Африка.
Преостанатите седум парови од нокаут фазата ќе бидат формирани по завршувањето на денешните шест натпревари.