
Пожар избувна во централниот дел на Грција – се гасне со авиони и хеликоптер
Според соопштението на грчката противпожарна служба, пожарот избувнал кратко по 9:30 часот наутро на земјоделско земјиште, далеку од населени места и инфраструктура, објавува Катимерини.
Пожар избувна во ниска вегетација во областа на плажата Пелазгија, во општината Стилида, во централна Грција, според грчките медиуми.
Според соопштението на грчката противпожарна служба, пожарот избувнал кратко по 9:30 часот наутро на земјоделско земјиште, далеку од населени места и инфраструктура, објавува Катимерини.
Гасењето е уште потешко од силните ветрови што дуваат во областа.
30 пожарникари, една пешадиска единица од 4-та специјална противпожарна служба, 10 противпожарни возила, како и два противпожарни авиони и еден хеликоптер беа веднаш испратени на терен.
Во гаснењето помагаат и цистерни на локалните самоуправи.
На местото на пожарот беше испратена екипа за истрага на подметнат пожар од Фтиотида, која ќе ја утврди причината за пожарот.
Во текот на целата операција, Оперативниот центар на грчката противпожарна служба го следи развојот на ситуацијата со помош на дрон опремен со оптичка и термичка камера.