
Протест на Сојузот на синдикати на Албанија пред Министерството за финансии, бараат подобри плати, прекин на имиграцијата и оставка на Рама
Сојузот на синдикати на Албанија денеска одржа протест пред Министерството за финансии, презентирајќи низа прашања, при тоа ставајќи акцент главно на потребата од подобри плати, достоинствени услови за работа, стопирање на имиграција и оставка на премиерот Еди Рама.
Сојузот на синдикати на Албанија денеска одржа протест пред Министерството за финансии, презентирајќи низа прашања, при тоа ставајќи акцент главно на потребата од подобри плати, достоинствени услови за работа, стопирање на имиграција и оставка на премиерот Еди Рама.
-Под итно бараме повеќе инвестиции во јавните услуги, повисоки плати и достоинствени услови за работа, заштита на работните места и синдикалните права, мерки за спречување на професионалците да ја напуштат земјата, како и фер дигитална транзиција што ги почитува правата на работниците, беа барањата презентирани на протестот, при што беше искажана поддршка за протестите кои три седмици се одржуваат против проектот во Зврнец и Сазан, и побараа оставка од премиерот Еди Рама.

За време на протестот, претставниците на синдикатите и поголем број граѓани, повикаа на „создавање можности за младите луѓе да го градат својот живот во Албанија“.
-Да им ја вратиме надежта на младите луѓе да се вратат во својата земја, да работат тука, да имаат достоинствени услови и да можат да ги одгледуваат своите семејства тука. Овој протест е за нашите деца, за да можат да уживаат во својата земја, рече еден од говорниците.

Во говорот по повод Денот на јавните услуги, претставниците на синдикатите ги повикаа вработените во јавниот сектор да се организираат и обединат за да ги заштитат своите права на работното место, а ги повикаа и граѓаните да ги поддржат и да придонесат во напорите за социјална правда и одржлив економски и социјален развој.