Цените на нафтата паднаа на најниско ниво во последните три месеци

Цената на меѓународната референтна нафта од типот Брент денес падна на 77 долари за барел, а американската сурова нафта на 73,1 долари за барел, со што достигна најниски нивоа во последните три месеци.

Причината за ова е напредокот во преговорите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, објави „Трејдинг економикс“.

Падот на цените следеше по привремен договор кој придонесе за смирување на тензиите на Блискиот Исток и веќе ја намали цената на нафтата за околу 40 проценти во споредба со претходните максимуми.