
Герасимовски: По „Киро Глигоров“, фотоволтаици и во училиштата „Коле Неделковски“ и „Гоце Делчев“
Првите чекори кон енергетската транзиција во Општина Центар започнаа уште во 2023 година со формирање на ТД „Енергија Центар“, првото општинско енергетско претпријатие во државата. Така ја започнавме нашата локална стратегија за енергетска независност и самоодржливост, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во обраќањето на тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста“, што се одржа во организација на Фајненс Тинк.
Првите чекори кон енергетската транзиција во Општина Центар започнаа уште во 2023 година со формирање на ТД „Енергија Центар“ , првото општинско енергетско претпријатие во државата. Така ја започнавме нашата локална стратегија за енергетска независност и само одржливост, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во обраќањето на тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста“, што се одржа во организација на Фајненс Тинк.
Тој нагласи дека стратегијата, поттикната од енергетската криза, веќе дава конкретни резултати преку реални инвестиции во училиштата и јавната инфраструктура.
Покрај реализираните фотоволтаични системи во ООУ „Киро Глигоров“, посочи Герасимовски, Општина Центар планира нови системи во ООУ „Коле Неделковски“ и ООУ „Гоце Делчев“ за што се обезбедени финансиски средства.
-Ефектите се многу реални: намалени трошоци за електрична енергија, поголема енергетска сигурност и поефикасно користење на јавните ресурси. Секој заштеден денар од енергијата се враќа назад во образованието, спортот, културата и услугите за граѓаните. Сакам Центар да биде препознаен како општина која не само што ги следи европските трендови, туку и ги поставува стандардите за другите локални самоуправи во државата – рече Герасимовски.