Газдите на „Пулс“ нема да ги тужат младите кочанчани кои го демолираа кафе-барот „Класик“
Сопствениците на дискотеката „Пулс“ се откажаа од приватната тужба против групата млади кочанчани кои беа обвинети за демолирање на кафе-барот „Класик“, во излив на гнев по пожарот во „Пулс“ во кој загинаа 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени.

Компанијата ДПТУ „Бит Тим“ ДООЕЛ Кочани, чиј управител е Михаил Јованов, синот на првообвинетиот за пожарот во „Пулс“ – Дејан Јованов Деко преку свој полномошник доставила поднесок со кој ја повлекува приватната тужба против обвинетите.
Во решението на Основниот суд Кочани се наведува дека на 11 јуни годинава бил доставен поднесок за повлекување на тужбата, по што судот, постапувајќи согласно одредбите од Законот за кривична постапка, донел одлука за запирање на предметот.
Обвинетите во случајот се товареа за кривичните дела „Оштетување туѓи предмети“ и „Нарушување на неповредливоста на домот“.