
СП 2026: Египет поведе, Белгија изедначи – дуелот заврши без победник
Првиот натпревар од групата Г одигран синоќа во Сиетл меѓу Белгија и Египет заврши без победник 1:1. Неочекувано репрезентацијата од Африка поведе, додека Белгија успеа да изедначи во вториот дел.
Првиот натпревар од групата Г одигран синоќа во Сиетл меѓу Белгија и Египет заврши без победник 1:1. Неочекувано репрезентацијата од Африка поведе, додека Белгија успеа да изедначи во вториот дел.
Египет поведе по асистенцијата на капитенот Мохамед Салах, а Емам Ашур го совлада Тибо Куртоа во 19.минута за водство на „фараоните“. Со овој резултат заврши првиот дел, а нешто поквалитетно се играше во вториот дел. Египет пропушти да зголеми преку Омар Мармуш на почетокот на вториот дел. Само што влезе во игра Ромелу Лукаку, Белгија изедначи. Тоа беше автогол на Мохамед Хани во 66.минута.
Во вториот дуел од групата Г ноќеска играа Иран и Нов Зеланд во Лос Анџелес.
Покрај овој дуел синоќа на полноќ почна и дуелот Саудиска Арабија – Уругвај.
Во првиот натпревар од вчерашната програма Шпанија – Зелено’ртски Острови одиграа 0:0.