Јакимовски вели дека сѐ уште не ја добил пресудата, ама затоа го чекаат во затвор
Во четвртокот на поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски му била врачена поканата за во затвор, но сѐ уште не му е доставена пресудата. Ова денеска на прес конференција го истакна Јакимовски, кои се пожали дека на ваков некоректен начин му се одолговлекува времето за жалба до Врховниот суд.
Во четвртокот на поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски му била врачена поканата за во затвор, но сѐ уште не му е доставена пресудата. Ова денеска на прес конференција го истакна Јакимовски, кои се пожали дека на ваков некоректен начин му се одолговлекува времето за жалба до Врховниот суд.
-Осуден сум на едногодишна затворска казна за поставување времена градба која што служела на граѓаните на Карпош 13 години, која не направила никому штета туку направила корист за општина Карпош повеќе од 1,5 милиони евра. Оние што ја донесоа пресудата и оние што ја направија оваа работа се потрудија во четвртокот одолу 14 часот да го добијам упатниот акт за одење во затвор во Шуто Оризари на 2 јули оваа година, а можете ли да замислите до каде оди некоректноста, до ден денес сѐ уште немам добиено пресуда. Веројатно тие мислеле дека пресудата ја има оној кој што треба и тој што ја нарачал, а тоа е Христијан Мицкоски и дека таа мене не ми е потребна – рече Јакимовски.
Упатниот акт е издаден за втори јули односно до тој датум Јакимовски треба да се јави на издржување на казната во затворот во Шутка. Апелациониот суд во Скопје во вторникот соопшти дека ја потврдил едногодишната затворска казна на Јакимовски за кривично дело бесправно градење кое се однесува на бараката во која до лани во септември беше сместена општина Карпош, во периодот додека се градеше новата општинска зграда.
Јакимовски смета дека правосилноста на пресудата е за да биде спречен да се кандидира за нов мандат во општината, бидејќи како што вели, ќе има нови избори поради боледувањето и отсуството на актуелниот прв човек на општината, Сотир Лукровски.
Поранешниот градоначалник поднел и барање за одложување на извршување на казната поради здравствени проблеми. Тој е осуден за бесправно градење, додека Апелација му ја поништи казната од три години затвор за злоупотреба при издавањето на уверенија за општинската барака.