
Концертна манифестација „Центарска Симфонија“ ќе се одржи вечерва со почеток во 19:30 часот, на Плочник – Градски Ѕид во центарот на Скопје.

„Центарска Симфонија“ е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година, со цел збогатување на културниот живот и доближување на квалитетната музичка уметност до пошироката јавност.
-Ќе имате можност да уживате во македонски шлагери инспирирани од домашната кинематографија од седумдесеттите години до денес, како и во безвременски мелодии од светските филмски класици, претставени во моќно и современо симфониско издание -изјавил градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се наведува во општинското соопштение.
На концертот ќе настапат Сонора Колектив оркестар, Магдалена Муратовска на виолина, Горан Муратовски – диригент и вокалните солисти Иван Наумовски и Елена Васова.
-Оваа манифестација стана традиција. Првото издание лани привлече голем инетерес, што покажува дека ваквите настани му се потребни на Скопје. Во летните денови тие го раздвижуваат градот и ги сплотуваат граѓаните. Се надевам дека и годинава ќе го имаме истото силно и емотивно доживување – нагласил Герасимовски.