Тирана се правда пред Брисел, нема проект и градежни работи за ресортот на Кушнер

Министерството за животна средина на Албанија ги демантира вестите што кружат во медиумите во врска со туристичкиот проект во областа Зврнец, дека министерот Софјан Јаупај ја информирал Европската комисија дека овој проект е стопиран.

Министерството за животна средина на Албанија ги демантира вестите што кружат во медиумите во врска со туристичкиот проект во областа Зврнец, дека министерот Софјан Јаупај ја информирал Европската комисија дека овој проект е стопиран.

Албанска владина Агенција за медиуми и информации (МИА), објави соопштение на Министерството за животна средина, во кое стои дека за време на онлајн состанокот одржан на 26 мај со претставници на Европската комисија, министерот Софјан Јаупај, ги информирал европските претставници за моментната состојба на проектот.

„За време на онлајн состанокот на 26 мај со претставници на Европската комисија, министерот Јаупај ја информираше Комисијата дека во моментов нема конечно одобрен проект и дека нема проект во изградба“, се наведува во соопштението на Министерството за животна средина.

Се додава дека министерот за животна средина ја повторил посветеноста на Албанија да гарантира “секој потенцијален развоен проект да биде предмет на целосна и одговорна проценка на влијанието врз животната средина спроведена со целосна транспарентност и јавни консултации”.

“Албанија останува целосно посветена на процесот на членство во ЕУ. Како дел од критериумите од Поглавје 27 за животна средина и климатски промени, Албанија треба да постигне целосно усогласување со законодавството на ЕУ за животна средина. Владата останува решена да ги почитува и спроведува овие обврски“, се наведува во соопштението.

Медиумите претходно пренесоа дека Европската комисија ја предупредила Албанија дека споменатиот проект во заштитеното подрачје Вјоса-Нарта, кој се поврзува Џаред Кушнер, би можел да влијае врз нејзиниот напредок на патот кон членство во Европската Унија и оти министерот Јаупај ја информирал дека реализацијата на проектот е стопирана.