ЕУ даде зелено светло за првата фаза од преговорите за Украина и Молдавија

Земјите членки на Европската Унија дадоа зелено светло за официјално отворање на првото поглавје од пристапните преговори со Украина и со Молдавија, соопшти украинската премиерка Јулија Свириденко.

Земјите членки на Европската Унија дадоа зелено светло за официјално отворање на првото поглавје од пристапните преговори со Украина и со Молдавија, соопшти украинската премиерка Јулија Свириденко.

Свириденко преку порака на социјалната мрежа Икс ја поздрави оваа одлука, оценувајќи ја како одлична вест со која двете земји значително се приближуваат до полноправно членство во Унијата.

Од Кипар, кој во моментов претседава со ЕУ, исто така потврдија дека се започнати сите неопходни технички подготовки за формалното отворање на првата преговарачка фаза.

Кипарските власти нагласија дека ова претставува исклучително важен чекор во евроинтегративниот процес на Украина и на Молдавија, кој истовремено испраќа силна порака за единството и за одлучноста на ЕУ.

Првото преговарачко поглавје главно се фокусира на исполнувањето на економските критериуми, функционалноста на демократските институции и на сеопфатните реформи во јавната администрација.