
Путин: Уставот ми дозволува кандидатура за изборите во 2030 година, но прерано е да се зборува за тоа
„Навистина, Уставот дозволува кандидатура во 2030 година, но мислам дека е прерано да се зборува за тоа, навистина е многу рано. Во моментов дури и не размислувам за тоа“, рече Путин на средба со раководители на меѓународни новински агенции на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, пренесува весникот „Ведомости“.
Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека е прерано да се зборува за негово евентуално учество на претседателските избори предвидени за 2030 година, иако Уставот му дозволува повторно да се кандидира.
„Навистина, Уставот дозволува кандидатура во 2030 година, но мислам дека е прерано да се зборува за тоа, навистина е многу рано. Во моментов дури и не размислувам за тоа“, рече Путин на средба со раководители на меѓународни новински агенции на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, пренесува весникот „Ведомости“.
Тој додаде дека Русија се соочува со „големи, големи и итни“ предизвици на кои треба да им се пристапи имајќи ја предвид иднината на земјата.
Во март 2024 година, Путин беше реизбран на нов шестгодишен претседателски мандат што истекува во 2030 година. Доколку се кандидира на изборите во 2030 година и повторно победи, Путин би можел да остане на власт до 2036 година.
Меѓународниот економски форум се одржува во Санкт Петербург, од 3 до 6 јуни.