Променливо облачно со локална нестабилност и температури до 32 степени

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Наредните денови, според Управата за хидрометеоролошки работи, следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на невреме.