Пленарното предавање: „Животот како уметничко дело: филозофија на романтизмот“ на проф. д-р Венко Андоновски
Пленарно предавање: „Животот како уметничко дело: филозофија на романтизмот “, на проф. д-р Венко Андоновски ќе се одржи денеска во организација на Школата за докторски студии и Филолошкиот факултет „Блаже Конески “.

-Како еден од најзначајните современи македонски автори и универзитетски професори, проф. д-р Венко Андоновски со своето богато научно, книжевно и општествено дејствување става траен придонес во развојот на хуманистичките науки и современата културна мисла, се вели во најавата на организаторот.
Настанот се организира во рамките на заедничката годишна конференција на докторските студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и претставува исклучителна можност за продлабочување на академскиот дијалог и научната размена.