
Ковачевски: Никој не може да го пипне нашиот идентитет, а Францускиот предлог е добро решение
Тој вели дека „преговорите со Бугарија застанаа затоа што не го признаваше македонскиот јазик во ЕУ. Фронтекс е потпишан на македонски јазик. Во преговарачката рамка стои македонски јазик. Оттаму преговорите се префрлија на малцински прашања – влез на Бугарите во Уставот“.
„Јас не сметам дека ние треба да се откажеме од било што од нашата историја во рамки на Историската или било која друга комисија. Ние треба да се задржиме на ставот што го имаме за нашата историја. Никој не може да го менува македонското гледање на историја. Никој не може да го пипне нашиот идентитет затоа што тоа е наш идентитет. Никој не може да забрани ние да бидеме Македонци. Не може пак да стават вето затоа што тоа не е дел од преговарачката рамка“ рече актуелниот пратеник, а поранешен лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски во ТВ гостување на Канал5.
Тој вели дека „преговорите со Бугарија застанаа затоа што не го признаваше македонскиот јазик во ЕУ. Фронтекс е потпишан на македонски јазик. Во преговарачката рамка стои македонски јазик. Оттаму преговорите се префрлија на малцински прашања – влез на Бугарите во Уставот“.
„Ако постои држава во свет во која на подобар начин се решени малцинските прашања, јас симнувам капа“ – порача Ковачевски.
За францускиот предлог тој вели – „Тоа е балансиран, добар предлог. Ќе биде актуелен. Сметам дека е добро решение“.