Каја Калас ја откажа посетата на Црна Гора пред самитот ЕУ-Западен Балкан, Макрон пристигна
Калас требаше да присуствува на Самитот на ЕУ – Западен Балкан, кој ќе се одржи во Тиват, а нејзината посета беше планирана како дел од програма посветена на младите.
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, ја откажа планираната посета на Црна Гора, потврдија неколку извори, додека причините за оваа одлука засега се непознати.
Калас требаше да присуствува на Самитот на ЕУ – Западен Балкан, кој ќе се одржи во Тиват, а нејзината посета беше планирана како дел од програма посветена на младите.
Имено, нејзината улога беше планирана на настаните за дијалог за младинска политика, кој ќе се одржи од 2 до 4 јуни во Будва, како и на Регионалниот младински форум од 4 до 7 јуни, организиран од Регионалната канцеларија за младинска соработка.
Овие собири се дел од поширока регионална иницијатива насочена кон зајакнување на соработката меѓу младите, а оваа година Дијалогот за младинска политика за прв пат се одржува во Црна Гора. Програмата ќе биде заокружена со министерски состанок каде што RYCO ќе ги собере министрите од регионот задолжени за младински прашања.
Самитот ЕУ – Западен Балкан се одржува на 5 јуни во Тиват, а домаќин на настанот е Јаков Милатовиќ. Се очекува на состанокот да учествуваат лидерите на Европската Унија и земјите од Западен Балкан.
Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во Црна Гора, а на аеродромот го пречека црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ.