
ДЗР со уште еден неповолен извештај за работата на Институтот за јавно здравје
Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавната здравствена установа Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија- Скопје на сметката за средства од програмите за здравствена заштита, сопствено учество на осигурените лица во цената на здравствената услуга и други средства од сопствени приходи (531) за 2024 година.
Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавната здравствена установа Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија- Скопје на сметката за средства од програмите за здравствена заштита, сопствено учество на осигурените лица во цената на здравствената услуга и други средства од сопствени приходи (531) за 2024 година.
„Изразивме неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2024 година“, стои во извештајот на ревизорите.
Извршена е ревизија на финансиските извештаи и за усогласеност со законите и прописите за 2016 година и изразено е неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива.
Проверката на спроведување на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор е спроведена во текот на 2019 година кога е утврдено дека од дадените петнаесет препораки, четири препораки се спроведени, една е во тек, седум се делумно спроведени и три препораки се неспроведени.
Со извршената ревизија на финансиските извештаи на Институтот за 2024 година утврдено е следното:
– за приемот и потрошувачката на медицински материјали не е воспоставена целосна евиденција и не е извршено усогласување на податоците од сметководствената и материјалната евиденција со спроведениот физички попис на сите потрошни материјали;
– приемот и потрошувачката на вакцини не е евидентиран во деловните книги;
– попис на побарувањата не е направен во целост, а за побарувања во износ од 18.245 илјади денари кои се постари од три години не се преземени активности за наплата;
– активности предвидени со Националната годишна програма за јавно здравје за 2024 година не се спроведени во целост;
– неправилности поврзани со ангажирани лица со договор на дело и
– недоследности при издавањето на простор на Институтот под закуп.
Исто така. ДЗР нотира дека активностите предвидени со Националната годишна програма за јавно здравје за 2024 година не се спроведени во целост; законски предвидените регистри кои се во надлежност на Институтот не се воспоставени; во дел од спроведените постапки за јавни набавки утврдени се слабости во примена на одредбите на Законот за јавните набавки; дел од медицинската опрема не е ставена во употреба; несоодветни исплати на плата и надоместоци на плата; неправилности поврзани со ангажирани лица со договор на дело.
За овој извештај поранешниот директор на ЈЗУ Институт за јавно здравје проф. д-р Шабан Мемети, заведени во Државниот и по него в.д директорката науч. сор. д-р Марија Андоновска, доставиле забелешки, од кои само една е прифатена, а останатите не се прифатени поради недоставени дополнителни докази.