
„Заедно за подобар свет“, изложба на Месут Неби во Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје
Животот е уметност на надминување на неволјите. Уметноста не се раѓа само од визија туку и од издржливоста. Се обликува како одговор на предизвиците и трансформациите на животот. Пандемијата на ковид донесе длабока тишина, универзална пауза; ги промени животите и перспективите. Но, во оваа тишина открив извор на креативност.
Животот е уметност на надминување на неволјите. Уметноста не се раѓа само од визија туку и од издржливоста. Се обликува како одговор на предизвиците и трансформациите на животот. Пандемијата на ковид донесе длабока тишина, универзална пауза; ги промени животите и перспективите. Но, во оваа тишина открив извор на креативност.
Збирката од 50 слики на мојата прва изложба не е само серија на дела туку и траен доказ за човечката упорност, приспособливоста и духот на заедницата – вели уметникот Месут Неби, чија трета самостојна изложба, насловена „Заедно за подобар свет“, ќе биде отворена вечерва, 22 мај (19ч.), во Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје.
Неби вели дека, како луѓе, ние напредуваме во неволјите и исто како што сенките на сликата ја истакнуваат светлината, животните предизвици ја изоструваат нашата емоционална палета, откривајќи ги нашите скриени длабочини.
– Во текот на пандемијата на ковид, кога забави светот, се свртев кон уметноста, таа стана и извор на утеха и извор на поврзување. Моите пријатели во фејсбук-групата „Стари скопјани“ станаа и мои музи и публика, круг вкоренет во заедничкото минато, но се проширува во визија. Тие ме поттикнаа да ги трансформирам моите емоции во пејзажи, фигури и апстрактни спомени. Со мојата прва изложба имав цел да ги поддржам другите во несигурни времиња. Сега, во овој втор дел, ја славам не само издржливоста на еден уметник туку и колективната моќ на заедницата. Секој потез со четката е дијалог, шепотена потврда дека дури и во изолација никогаш не сме целосно сами – посочува уметникот.
Делата на оваа изложба се првенствено создадени во акрил и се фокусираат на пејзажите. Секој од нив е врата во светот на спомените, емоциите и имагинацијата. Сликите се исполнети со виталност на човечкиот дух, обликуван од изолацијата, но збогатен со поврзаноста, а уметноста стана мост што ја трансформира индивидуалната борба во заедничка убавина.
