Дете со недели било вербално малтретирано во автобус – нападнати малолетници во Драчево и во Зелениково
Три одделни случаи на насилство и малтретирање врз малолетници биле пријавени вчера во полицијата во Скопје, при што станува збор за физички напади во Драчево и Зелениково, како и за повеќекратно вербално малтретирање во автобус.

Во првиот случај, 40-годишна скопјанка пријавила дека околу 16 часот на подрачјето на Драчево нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.
Неколку часа претходно, 47-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот малолетен син во повеќе наврати, од средината на март па и во текот на овој месец, бил вербално малтретиран додека се возел во автобус од иста група составена од четворица малолетници.
Дополнително, во полиција бил пријавен и случај од Зелениково, каде 48-годишен скопјанец информирал дека неговиот малолетен син бил физички нападнат во саботата околу 18:30 часот, додека бил со свои другари во селото Зелениково. Според пријавата, за нападот е посочено лицето А.Д.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи.